Познато е дали гостите ќе носат заштитни маски на Оскарите: Донесена е чудна одлука

Познато е дали гостите ќе носат заштитни маски на Оскарите: Донесена е чудна одлука

Објавена во: Stars // Филм

Што мислите вие?

Вечерта помеѓу недела и понеделник не очекува церемонијата на доделување на Оскарите за 2021 година. Многумина се прашуваа дали гостите на оваа манифестација ќе мораат да носат заштитни маски, бидејќи уште трае борбата со пандемијата на коронавирус.

Донесена е малку чудна одлука. Имено, гостите нема да мораат да носат заштитни маски пред камерите, но ќе мораат да носат кога ќе се исклучат камерите (на пример додека траат рекламите), пишува „Variety“.

Како што е познато, овогодинешното доделување на Оскарите е замислено како филм. Ќе се одржува на две локации во Лос Анџелес, една во Долби театарот, а другата на старата железничка станица „Union Station“.

Гостите на овогодинешното доделување на Оскарите нема да треба да носат маски пред камерите, но ќе мора да носат кога ќе бидат изгасени. Преносот ќе трае околу три часа, а на доделувањето ќе бидат присутни големи светски ѕвезди како Бред Пит, Харисон Форд, Хали Бери...

Како што се наведува, ќе има околу 170 гости.

фото: Tanjug/AP

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: