Познато е кога вакцината против коронавирусот ќе пристигне во Србија

Познато е кога вакцината против коронавирусот ќе пристигне во Србија

Објавена во: Живот // Живот

Вакцината за граѓаните на Србија ќе биде бесплатна...

Вакцината против корона во Србија ќе пристигне пред Нова година.

„Првите дози од вакцината против корона во Србија ќе бидат пред Нова година, а првиот услов е вакцината да биде безбедна и истата ќе биде бесплатна за нашите граѓани“ - рече деректорката на РФЗО Соња Радојевиќ Шкодриќ, пренесува Танјуг.

Таа за ТВ Прва кажа дека не е важно од кој дел на светот Србија ќе ја добие вакцината, туку е најважно првите количини да бидат што побрзо увезени, да биде таа вакцина регистрирана и да ја одобрат српските експерти, што значи дека таа ќе биде потполно безбедна за граѓаните.

„Вакцината значи спасување на животи и на нашата економија“ - нагласи Шкодриќ.

Таа додаде дека првата доза ќе ја примаат приоритетните групи на граѓани.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: