Познатото вирално Јутјуб видео со 880 милиони прегледи наскоро ќе биде избрашано: Еве која е причината

Познатото вирално Јутјуб видео со 880 милиони прегледи наскоро ќе биде избрашано: Еве која е причината

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Пред Јутјуб да ја достигне популарноста што ја има денес, постоеше видео под назив „Charlie Bit My Figner“, во кое уживаа буквално милиони.

Видеото од бебе кое тврде дека Чарли го каснало се смета за едно од првите вирални снимки на Интернет и досега го имаат видено 880 милиони луѓе. Сепак, наскоро ќе биде избршано од Јутјуб.

„Омиленото видео се вдоми во срцата на многумина. Сега ќе го отстраниме од Јутјуб и само една личност во светот ќе има можност да го поседува во посебна форма“ - стои во соопштението на CharlieBitMe.com.

Новиот сопственик на видеото ќе има можност да направи пародија на оригиналот со дечињата од истото, Хари и Чарли, кои сега се тинејџери.


Првобитно видеото било наменето за да го видат само семејството и пријателите, но истото стана вирално на Јутјуб. Тригодишниот Хари се опушта гледајќи телевизија со едногодишниот Чарли, по денот поминат со игри во градината. Необјасниво, Хари одлучува да го стави прстот во устата на Чарли, а останатото ви е познато.

Хари и Чарли денес имаат 17 и 15 години, а наскоро ќе станат полнолетни и ќе се впуштат во следното животно поглавје, поради што сметаат дека видеото само ќе добие „нов живот“ по аукцијата.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: