Правила кои СИТЕ морале да ги почитуваат: Тајни од снимањето на „Keeping Up With the Kardashians“
Сите барања и желби кои ги имала мама Џенер, морало сите да ги почитуваат...
Главниот ум зад целиот бренд Кардашијан е Крис Џенер, а од непознато семејство до најпознато семејство во светот дојдоа поради неа. Уште кога започна снимањето на нивното реално шоу, мама Џенер ги држеше сите конци во рацете, а сега се откриени некои од лудите правила кои мора слепо да се држат.
Постои ли денес личност на светот која не слушнала за Кардашијан? Од 2007 година кога започна да се прикажува нивното реално шоу „Keeping Up With the Kardashians“ до денес, тие станаа дел во сите сфери на животот и невозможно е да се заобиколат. За големиот успех на шоуто во голем дел е заслужна Крис Џенер, мајката менаџерка, со која нема шега. По 13 години снимање на нивното реално шоу и 18 - те сезони кои изгледоа, дури сега се откриени некои тајни од снимањето, кои на фановите ќе им бидат интересни. Крис ги терала Ким, Клое, Кортни, Кендал и Кјали да почитуваат одредени правила - и никако не им попуштала. А, ова не им било лесно ниту на снимателите.
Очекувано или не, но екипата која го снимала шоуто, практично живеела во вилата на Кардашијан, бидејќи снимањата траеле СЕКОГАШ. Колку и да имало снимен материјал, единствената личност која можела да го гледа со екипата сниматели била Крис. Никој друг од семејството немал пристап до снимките додека не биле објавени. На снимањата никој од семејството не смеел да доаѓа без професионална шминка, а Ким отрива дека нејзиното секојдневно шминкање траело по 2 часа. Сите членови на семејството морале да прават „фејк“ сцени, за крајниот резултат да излезе уште поинтересен, бидејќи реалноста некогаш не е доволно драматична. Освен тоа, сите други луѓе кои се појавуваат во шоуто морале да потпишуваат договори кои ги составувала Крис, а наводно имало еден куп такви договори пред влезната врата, бидејќи никогаш не знаеле кој ќе дојде, а камерите постојано снимале.
Кога се снимале кадрите во кои била Крис, екипата сниматели морала да носи посебно осветлување, поразлично од она што се користело. Ова било правило до кое морало да се држат, без исклучок. Кендал и Кајли откриваат дека мајка им ги терала да ги прават ноктите еднаш неделно. Кајли дури признава дека тоа не го сметала за нормално, но сепак морала да го почитува тоа правило. Не смееле да изгледаат несреднео, тоа едноставно не било опција.
Екипата сниматели не смеела да оди по куќата, туку над чевлите морала да носи навлаки какви шот носат хирурзите на операцијата. Крис секогаш сакала куќата да изгледа совршено и не можела да дозволи да се појават дамки. За да има доволно материјал, снимањата траеле до 10 до 12 часа секој ден. Камерите практично биле вклучени цело време, а Крис наводно дозволила да се вградат дополнителни камери во столбовите што ги има во куќата. Екстериерот на куќата од безбедносни причини не е реален, но сè што е снимено во внатрешноста, го покажува вистинскиот ентериер на нвините домови. Овие се само некои од правилата што случајно и беа откриени на јавноста низ годините и кои изгледаат помалку луди и неверојатни.