Празнична идила во луксузното љубовно гнездо: Анастасија Ражнатовиќ го украси станот во кој живее со момчето
Ќерката на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ покажа како го украсила својот дом, а нејзините следбеници не сокрија колку се воодушевени од декорацијата...
Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче Ѓорѓе Куљиќ неодамна се вселија во својот нов луксузен стан на Дорчола, а ќерката на Цеца сега покажа и како го уркасила својот огромен дуплекс за претстојните новогодишни празници.
Младата пејачка им се пофали на своите следбеници на Инстаграм за тоа како ја украсила елката.
Раскошно украсената елка до плафонот, богата со украси и сијалички, Анастасија ја сместила во аголот од собата, покрај прозорецот.
Освен блескавата елка, таа го покажа и декорираниот дел од станот, во кој има сместено ирвас.
„Конечно е готово. Опседната сум со мојата новогодишна елка“ - напиша Анастасија на Инстаграм.