Празничната магија влезе во домот на Тамара Тодевска: Хана и Дарен позираат пред новогодишната елка (ФОТО)
Празници се ближат...
Само неколку часа нѐ делат од почетокот на највеселиот месец во годината. Во декември сите ги „дрма“ празничка атмосфера - се украсуваат домовите, се купуваат новогодишни подароци, се прават планови каде ќе се дочека Новата година...
На новогодишното лудило не се имуни ниту познатите ѕвезди. Така, поп пејачката Тамара Тодевска откри дека во нејзиниот дом веќе владее празнична атмосфера.
Имено, таа на Инстаграм сподели фотографија на која позираат нејзините деца и милениче. Среќата на лицата на Хана и Дарен се забележува веднаш, а истата сигурно е предизвикана од украсената новогодишна елка.
Не се сомневаме дека до крајот на месецот под неа ќе се најдат многу подароци, кои наследниците на една од најдобрите македонски пејачки ќе ги добијат од своите најблиски.
фото: Принтскрин / Инстаграм