Пред 10 години, Дара беше прогласена за најлоша мајка: Еве што денес мисли за тоа нејзината ќерка

Пред 10 години, Дара беше прогласена за најлоша мајка: Еве што денес мисли за тоа нејзината ќерка

Објавена во: Совети // Семејство

Дара ѝ забранувало благо на својата 7 - годишна ќерка и секогаш се грижела околу нејзината килажа...

Дара Лин Вејс пред 10 години напишала статија за магазинот „Вог“, која предизвика големо внимание кај јавноста, а особено кај другите родители.

Имено, жената пишуваше за тоа дека својата 7 - годишна ќерка ја тера да биде на диета и тогаш за кратко време на Интернет беше прогласена за најлоша мајка.

Една година пред да биде објавена статијата, доктор ѝ кажал на Дара дека нејзината ќерка Бети Кови Вејс е дебела и дека би требало малку да ослабне.

Поради тоа нејзината мајка одлучила да ја стави на рестриктивна диета и во една прилика ја испратила на спиење без вечера, бидејќи во текот на денот внела повеќе калории отколку што ѝ биле дозволени. Дара на својата ќерка ѝ забранувала да јаде било каква благо, а кога една година подоцна девојчето ослабнало 7,2 килограми, нејзината мајка ѝ кажала дека борбата сѐ уште не е завршена и дека смета дека никогаш нема да биде.

По сѐ што поминала, денес 17 - годишната Бети вели дека нејзината килажа ѝ е проблем и дека смета дека мајка ѝ претерано ја форсирала да ослабне. Тинејџерката истакнува дека денес има сериозни проблеми со самодовербата.

Исто така, вели дека статијата објавена во „Вог“ воопшто не ѝ помогнала, бидејќи децата поради тоа ја исмевале и ја нарекувала дебела свиња.

„Никогаш не се сомневав во добрите намери на својата мајка. Навистина успеав да ослабнам 7 килограми до следната година поради здравата исхрана, иако мислам дека опседнатоста со калориите генерално не е здрава“ - вели Бети.

Во едно од поранешните интервјуа Дара кажа дека таа само се грижела за здравјето на ќерка ѝ и дека направила нешто што би можеле да го направат и другите родители.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: