Пред 19 години со Лоба пееше на Јуниорската Евровизија: Како изгледа денес Марија Арсовска? (ФОТО)
Во 2000 - тите години беше сензација кај најмладите и тинејџерите...
Марија Арсовска секој ден ја гледавме на малите екрани во најавната песна „Светот има 8 страни“ од истоимената емисија.
Кулминацијата во кариерата ја доживеа на Јуниорската Евровизија во 2003 година, каде заедно со денес популарната пејачка Викторија Лоба ја отпеаа дуетската „Ти не ме познаваш“.
Немаше дете кое во тое време не ги знаеше овие песни и кое не ги пееше на цел глас, без разлика дали во училиште, дома, на некоја роденденска забава или пак на екскурзија.
Викторија Лоба и денес сѐ уште се занива со музика, но тоа не е случај со Марија. Имено, таа се пресели преку океанот, односно во Америка. Таму живее и работи со својот сопруг, а како изгледа денес погледнете во продолжение.
фото: Принтскрин / Фејсбук / Јутјуб