„Пред 20 години почнав битка која ни малку не е лесна“: Марија Шерифовиќ се присети на своите почетоци, денес слави 2 денецении на музичката сцена

„Пред 20 години почнав битка која ни малку не е лесна“: Марија Шерифовиќ се присети на своите почетоци, денес слави 2 денецении на музичката сцена

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката Марија Шерифовиќ денес има посебен повод за славење. Цели две децении на музичката сцена.

За нејзината вртоглава кариера говори досегашниот постигнат успех, публиката, полните концертни арени, клубови, милионските прегледи, големата поддршка... Марија е име кое надалеку се слуша, а како што вели таа, има уште многу пат за одење.

По овој повод, пејачкат се обрати и до публиката која и е најголема поддршка сите овие години:

-Драги мои луѓе, поминаа 20 години откако првпат застанав пред вас и откако сте со мене на ова патување кое ми го промени животот. Не беше секогаш лесно, но секогаш беше лудо. Ви благодарам за секој момент и решена сум да ги направам следните 20 години незаборавни за сите нас. Само што почнавме 

П.С. Ти благодарам мала Марија 

Ти благодариме што не се откажа. Ти благодарам што никогаш не порасна целосно. Благодарам што ме туркаш напред. Ти благодарам што секогаш ме потсетуваше на сето она за што сонуваме и фантазираме заедно. И да, ние сме само на половина пат. Со љубов, М – напиша пејачката под своето видео кое можете да го погледнете во продолжение:


Фото:marijaserifovic/instagram

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: