Пред 6 години неговиот глас го расплака цел Балкан, а сега нема да го препознаете: Марко Бошњак и денес го бранува регионот

Пред 6 години неговиот глас го расплака цел Балкан, а сега нема да го препознаете: Марко Бошњак и денес го бранува регионот

Објавена во: Stars // Музика

Во „Ѕвездичките на Пинк“ победи кога имаше 12 години, а сега, 6 години подоцна се појави на престижното хрватско натпреварување и повторно ги воодушеви сите со својот талент, изглед и песна која ја изведе.


Младиот пејач Марко Бошњак ги освои срцата на публиката кога се натпреваруваше и победи во втората сезона од музичкото натпреварување „Ѕвездичките на пинк“. Тој тогаш со својот неверојатен талент го воодушеви жирито, а и публиката, која го награди со првото место.

Остана запаметен по неговите изведби на песните „Што те нема“, „One night only“ и многу други песни кои покрај воодушевувањето предизвикуваа и солзи на очите.


Од сезоната која се одржуваше во 2015 и 2016 година кога и победи, Бошњак не се појавуваше често во медиумите. Меѓутоа, сега повторно го воодушеви регионот.

На одржаниот фестивал „Дора“ на кој се одбира претставникот за Евровизија од Хрватска, која годинава ќе се одржи во Торино, Италија, се појави и Марко Бошњак кој го однесе второто место под првопласираната Миа Димшиќ, која во 2022 година ќе ја претстави Хрватска пред Европа.


Марко се огласи и на својот Инстаграм профил, каде ѝ честиташе на победничката и им се заблагодари на сите за соработката:

„Драги мои луѓе! Сега кога впечатоците донекаде слегнаа, сакам да ви кажам неколку работи. Ви благодарам на огромната поддршка, на секоја испратена порака и скеој повик кој го дадовте, бидејќи почувствувте дека мојата песна „Мили за нас“ може да биде квалитетен претставник на Евровизија. Бевме многу блиску до таа цел и за мене ова е огромен успех.

Имам 18 години, тим од луѓе кои ја разбираат мојата визија, мојата личност, мојата желба за успех, мојата тврдоглавост и промени во расположението. И сето тоа го прифаќаат и разбираат без никакви проблеми. Имам прекрасни пријатели кои се тука за мене во секој момент и на кои сум им неизмерно благодарен! Имам семејство кое е најгорда поддршка! Ви благодарам...“ - напиша 18-годишниот Марко, кој е видно пораснат и променет, ако судиме по неговите фотографии и видеа кога се натпреваруваше и победи во „Ѕвездичките на Пинк“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: