Пред и после: Пубертетот си ја завршил својата „работа“ - девојките на прва се заљубуваат во него
Како е можно од ова мало момче да стане волку згоден лик?
На некои луѓе пубертетот навистина им помага, додека кај други не прави никаква значајна разлика во изгледот. Братот на оваа девојка, дефинитивно припаѓа во првата група луѓе. Откако ги сподели неговите фотографии, девојките на прва се заљубуваат во него.
Во овој случај пубертетот си ја завршил „работата“ како што треба. Една девојка, по име Мади, на ТикТок сними видео во кое со сите сподели што направил пубертетот на нејзиниот брат. И видеото стана вирално, бидејќи ваква промена не се гледа секој ден. Пред пубертетот изгледал како и секое друго типично момче на негови години. Но, ппотоа... пристигнал пубертетот. Направила колаж од неговите фотографии, а видеото започнува со оние од детството. Кога ќе дојде до пубертетот и ќе покаже неколку негови сегашни фотографии, на сите девојки очињата им се претвараат во срциња.
@madiidrew @nickgurganus
slipping through my fingers - favsoundds
И на крајот додала дека дека добил многу самодоверба и дека е навистина „вообразен“ тинејџер и тоа го докажа со преписките кои ги имала со него. Јасно ѝ дал до знаење дека знае кој е најзгоден во нивното семејство, мислејќи на себе, бидејќи е свесен за тоа колку добро изгледа. Не можеме да го обвинуваме, сигурно по ова видео инбоксот му е затрупан. Мади на ова видео од нејзиниот брат собрала повеќе од 10 милиони прегледи, а кога ќе го видиш ќе ти стане зошто тоа е така.