Пред и потоа: Анастасија Ражнатовиќ призна за една пластична операција - „Имав нос од тука до Бајтаница“
Актрактивната пејачката за старата фотографија која кружи на Интернет!
Анастасија Ражнатовиќ ја запали јавноста со гостувањето во една емисија каде за првпат зборуваше за своето растење и тешките семејни моменти.
Зборуваше за апсењето на својата мајка Светланата Цеца Ражнатовиќ, потоа за растењето без татко, но и за пластичните операции!
На Интернетот со години кружи фотографија од Анастасија пред операцијата на носот, а сега истата таа фотографија ја прокоментира и младата пејачка:
„Постои една фотографија која кружи на Интернет, на која имам 13 години. Во тој момент имав скоро 80 килограми и сум грозно нашминкана. Сега имам 60. Не се срамам од тоа, не кријам дека така сум изгледала. Имав и повеќе килограми и поголем нос и помала уста... Се што е на таа фотка изгледа страшно“ - рече пејачката и додаде:
„Ги разбирам жените кои се чувствуваат несигурно поради носот или градите... и потполно сум за тоа. Сите го прават тоа, само сите лажат! Мене носот е од тука до Бајтаница на таа фотографија која кружи. Не бев задоволна со својот нос и го оперирав, само еднаш. Всушност таа ми е единствена операција. Ја имав таа несигурност околу носот и тоа го корегирав. Нема сега да зборувам дека сум имала девијација па сум морала, не го направив поради тоа, океј, имав и девијација, но... Бидејќи сакав го направив тоа и тоа е тоа“.
Еве како изгледала:
Еве како изгледа сега: