Пред повеќе од една деценија беше во екот на популарноста: Што прави денес Тони Зен?
Тони Зен важи за еден од најпознатите рапери на мекедонската музичка сцена. Пред повеќе од една деценија важеше за миленик на тинејџерките, кои во тоа време се „тепаа“ за карти на неговите настапи.
Ги полнеше клубовите, концертните сали, кафулињата, наградите на многу манифестиции и фестивали беа резервирани за него - буквално каде и да се појавеше правеше вистински бум. Тој и денес прави музика, но доколку ги земеме предвид бројките од прегледите на Јутјуб, има неколку негови песни, кои особено се издвојуваат од останатите.
Во продолжение погледнете кои 5 песни на Тони Зен ја имаат титулата песни со најмногу прегледи на Јутјуб:
# „Бас“ - 3.7 милиони прегледи
# „Во мој стил“ - 1.9 милиони прегледи
# „Итно ми требаш ти“ (соработка со Јован Јован и Ламбе) - 1.6 милиони прегледи
# „Ич не ме боли“ (соработка со Елвир Мекиќ) - 1.4 милиони прегледи
# „Скандал“ - 1 милион прегледи
Музиката што ја создава денес не е толку комерцијална како некогаш, па можеби поради тоа, го слушаат и следат одредена група на обожаватели. Исто така, освен со музика, Тони Зен работи и како инструктор по скијање.
Пред 3 години се оствари и во улогата на татко, кога неговата сопруга на свет го донесе неговиот син Јасен. Својот приватен живот и денес вешто го крие од очите на јавноста, како што веста за свадбата и раѓањето на синот долго време ги држеше во тајност.
Како изгледа денес еден од најпознатите македонски рапери, погледнете во продолжение:
Р.Х.
фото: Принтскрин / Јутјуб