Пред седум години: „Симпсонови“ го предвидоа летот на Брансон во вселенат

Пред седум години: „Симпсонови“ го предвидоа летот на Брансон во вселенат

Објавена во: Stars // Филм

Симпсонови успеаја да предвидат идни настани неколку пати во повеќе од три децении емитување

Британскиот бизнисмен Ричард Бренсон ја исполни својата животна желба и минатата недела успеа да лета до работ на вселената. Авторите на популарната анимирана ТВ серија Симпсонови го предвидоа тоа патување во 2014 година, пишуваат бројни корисници на социјалните мрежи.

На Твитер се појави потсетник за епизодата на Симпсон „Војната на уметноста“ емитувана пред седум години, во која се гледа како Брансон се восхитува на сликата на ѕидот на неговото летало во бестежинска состојба, пренесува NME.

Брансон, пионер на „вселенскиот туризам“ е првиот милијардер што патувал во вселената во вселенско летало изградено од неговата компанија и со тоа го престигнал својот американски ривал Џеф Безос, кој треба да изврши лет во вселената на 20 јули.

Симпсонови успеаја да предвидат идни настани неколку пати во повеќе од три децении емитување. Па претпоставија дека еден ден Доналд Трамп ќе стане американски претседател, тие ја предвидоа и епидемијата на ебола, како и појавувањето на Лејди Гага на Суперболот.


Фото: screenshoot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: