Пред сите знаев за распаѓањето на „Hurricane“: Марија Шерифовиќ сподели детали со јавноста
„Можам само да кажам дека ми жал поради тоа“ - кажа Марија...
Распаѓањето на групата „Hurricane“ беше изненадување на многумина, а Марија Шерифовиќ сега го прокоментира и наведе дека многу порано знаела што ќе се случи.
„Проследив сѐ, знам за тоа. Знам за што станува збор, но знаев за тоа и пред тоа да стане јавна вест. Девојките и менаџментот имаа фантастична соработка многу години, а бендот ќе остане да постои“ - кажа Марија Шерифовиќ за „Блиц“.
„Ќе дојдат некои нови девојки. Јас само можам да кажем дека ми е жал поради тоа, но исто така сакам да им ја посакам целата среќа на Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ“ - посочи евровизиската победничка и додаде:
„Им посакувам среќа во соло кариерите и било која друга работа и задачи кои животот ќе им ги сервира“ - заклучи Шерифовиќ.
фото: Принтскрин / Инстаграм