Пред состанокот ја излажал девојката дека е висок 190 сантиметри: Проблемот со висината го решил, но добил голем „хејт“

Пред состанокот ја излажал девојката дека е висок 190 сантиметри: Проблемот со висината го решил, но добил голем „хејт“

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби сепак ова не требало да го сподели на социјалните мрежи...

Најчесто девојките се тие кои сакаат да остават малку поинаков и подобар впечаток на состанок, но во овој случај тоа е ова момче. Имено, тој ја излажал девојката со која бил на состанок дека е висок 190 сантиметри, што во реалноста е далеку од вистината, а всушност тајната е во една практична и мала работа која всушност му додава висина.

Секогаш се обвинуваат девојките дека некои свои недостатоци ги покриваат пред момчињата, особено кога одат на состанок, но очигледно тоа не е секогаш така. Во оваа ситуација, момчето е она што сака да „прикрие“ една своја мана, а тоа е висината, бидејќи на девојката со која договорил состанок ѝ кажал дека е висок 190 сантиметри. Сепак, тајната е во една мала направа што што ја ставил во патиките за да добие висина од 190 сантиметри, а таа е во облик на влошки (како висока потпетица) што ја ставил во патиките и по пат на автоматизам добил неколку сантиметри.

@viralheightbooster

Link in bio for a pair

use this audio if you love mcuctrl - isabella

Поради тоа може да му помине приказната дека има 190 сантиметри, но поради тоа собра голем број на „хејт“ коментари под своето видео. „Тоа е причината зошто имам проблем со довербата“, „Ова е многу тажно“, „Чекај, ти тоа ќе го носиш до крајот на животот?“, „Мора да се шегуваш“ - беа само некои од коментарите под видеото.

Многу девојки саркастично му предложија едноставно да облече високи потпетици, додека други му дадоа поддршка на начин на кој го уверуваат дека ваквите работи не му се потрбени, бидејќи би требало да се прифати себе таков каков што е, но и и секако би требало да има повеќе самодоверба.

фото: TikTok - viralheightbooster / Screenshot

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: