Пред вас се најубавите години од животот, кој јас ги имав пред 40: Пендаровски до идните студенти на Правен
Денеска се одржа првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. До сите присутни, како и до идните студенти свое обраќање имаа ректорот на УКИМ, проф. д-р. Никола Јанкуловски, како и премиерот на нашата држава Стево Пендароски.
Двајцата им посакаа успешен старт на студентските денови, а претседателот Пендаровски не се трудеше да го сокрие задоволството дека е помеѓу младите бруцоши на нивните прв адемски час.
Тој откри дека и тој самиот бил дел овој факултет и дека е среќен што токму таму го формирал своето високо образование.
„Од Правниот факулет на УКИМ, на кој и самиот имав среќа да го оформам моето високо образование излегуваат идните правници, адвокати, судии, политиколози, новинари и политичари, кои имале и имаат своја улога во процесот на трансформација на Република Северна Македонија, во модерна, демократска и просперитетна држава.“
Претседателот Стево исто така директно им се обрати на идните студенти и им даде неколку совети.
„Користете го секој момент да стекнете нови знаења и вештини, да добиете информации и искуство, споделувајте и комуницирајте. Кога тоа не можете да го правите со физичко присуство, користете ги новите технологии. Како човек кој пред речиси 40 години поминал низ овие амфитеатри можам да ви кажам дека пред вас се најубавите години од животот. Ќе учите, но и ќе се дружите меѓу себе. Секој еден од нас и ден денес ги памети најтешките предмети, најдобрите професори, но и сите згоди и незгоди од студентските години.“ - ги советуваше претседателот Пендаровски.