Предебели, прегрди, престари: Фантастични актерки кои добивале злобни коментари на кастинзите (ФОТО)

Предебели, прегрди, престари: Фантастични актерки кои добивале злобни коментари на кастинзите (ФОТО)

Објавена во: Stars // Филм

Иако се брилијантни во својата работа, на својот пат до врвот дибивале секакви коментари...

Толку е прекрасен и гламурозен, но Холивуд сепак е сурово место.

Многу девојки со актерски талент доаѓаат таму со надеж дека ќе се пробијат во т.н. фабрики од соништата, а потоа се среќаваат со режисери кои им ги убиваат тие соништа и отворено им кажуваат: „Никогаш нема да успеете, затоа што сте премногу стари, премногу слаби, премногу грди или премногу дебели“.

Да, не е тајна дека жените во Холивуд добиваат разни навреди на своја сметка. Кои актерки на својот пат добивале злобни коментари на сметка на својот изглед, дознајте во продолжение:

# Мерил Стрип

Актерката која 18 пати досега беше номинирана за Оскар и која има кариера на која многумина ѝ завидуваат, на свои 27 години се пријавила на аудиција за улогата на Дван во филмот „King Kong“. Тогаш од продуцентот добила коментар дека е прегрда за таа улога. Како што кажа и самата Мерил, тој коментар можел да ја уништи, но можел и да ја поттикне уште повеќе да верува во себе. Таа го одбрала второто и продолжила да верува во себе и своите соништа.

# Кејт Бекинсејл

Англиската актерка е прекрасна и тешко е да се помисли дека некој би можел да ја нарече грда, но тоа се случило. Режисерот Мајкл Беј сметал дека не е доволно згодна за главната улога во неговиот филм „Pearl Harbor“. Сеедно, Кејт сепак ја добила улогата, но во едно итнервју признала дкеа „никако не била тип на актерка според режисерот, бидејќи нејзините гради не биле поголеми од нејзината глава и затоа што не била русокоса“.

# Кира Најтли

И додека некои актерки биле прегрди, Кира била преубава за улогата во филмот „Гордост и предрасуди“. Не можеме да замислиме некој друг во улогата на Елизабет Бенет, но режисерот Џо Рајт на почетокот не сакал да ја ангажира.

# Оливија Вајлд

Требало да ја добие улогата на Наоми Лапаља во филмот „The Wolf of Wall Street“, но на кастингот одлучиле дека е премногу стара за да ја глуми сопругата на главниот лик. Улогата ја доби Маргот Роби, која е шест години помлада од неа.

Интересно е тоа што Леонардо, кој бил 10 години постар од Оливија и роден во 1974 година, според режисерите бил погоден за главната машка улога, а неговата сопруга ја глумеше актерка која е 16 години помлада од него. Хм, изгледа дека Холивуд има двоен стандард - мажите кои се добро навлезени во некоја возраст, можат играат млади мажи, но не и жените.

# Ема Томсон

Еве уште една актерка која ја прогласиле за престара. Кога тогаш 36-годишната Ема глумела со една година помладиот Хју Грант во филмот „Sense and Sensibility“, сите почнаа да коментираат дека таа е престара за таа улога - од филмските критичари, преку медиумите и јавноста.

# Џенифер Лоренс

Оскаровката се соочила со голем притисок на почетокот на кариерата. Имено, таа често со наидувала на коментари од разни агенти, филмски критичари или режисери, дека мора да ослабе ако сака да успее. Но, Лоренс била категорична и им велела дека никогаш нема да се изгладнува, ниту поради себе, ниту поради сите девојчиња кои во неа гледаат пример. „Јадам како пештерски човек и нема да бидам една од актерките за кои кружат гласини дека се анорексични“ - кажа таа во едно итнервју.

# Кејт Винслет

На почетоците на својата кариера, Кејт тешко добивала улоги, бидејќи ја сметале за предебела. Но, таа не се откажувала, па така денес е добитничка на Златни глобуси, Оскари и актерка која се прослави со многу улоги, а особено со улогата на Роуз во „Титаник“. Она што е интересно е дека Кејт никогаш не им дозволувала на магазините на кои им дава интервју да ја фотографираат.

# Ешли Грин

Актерката од „Самрак“, на почетокот на кариерата ја засрамувале поради нејзината витка градба. За агентите и режисерите, таа била или премногу слаба или премногу мускулеста. Тоа, воопшто не е пријатно да се слушне, но во еден момент си кажала дека повеќе ќе се грижи за тоа што мислат луѓето за нејзините актерски способности, а не за изгледот.

# Маргот Роби

На неа ѝ било наредено да ослабне за улогата на Џејн Портер во филмот за Тарзан, наредба која таа ја одбила. Исто така, на почетокот на кариерата, неименувани извори ја советувале дека би требало да биде барем 10 килограми послаба, доколку сака да успее помеѓу ѕвездите од „А листата“.

фото: Принскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: