„Предупреди го момчето каква си без шминка, за наутро да не му застанува срцето“: Инфлуенсерка иста како Мистер Бин

„Предупреди го момчето каква си без шминка, за наутро да не му застанува срцето“: Инфлуенсерка иста како Мистер Бин

Објавена во: Мода // Moj стил

На социјалната мрежа ТикТок ја следат повеќе од 3 милиони луѓе...

Сведоци сме на време кога луѓето можат драматично да го променат својот физички изглед со помош на шминка. Колку е моќна шминката, покажува и инфлуенсерката Фабиола Баглиери (18), која со своите секојдневни трансформации ги воодушевува своите следбеници на социјалната мрежа ТикТок.

Иако повеќето девојки користат шминка за да ги покријат своите недостатоци, некои им замеруваат што не личат на себе по употреба на козметиката. Ист е случајот и со ова осумнаесетгодишно девојче.

Самата Фабиола е свесна за промената што ја прави, и како што вели, без шминка потсетува на актерот Роуан Аткинсон, кој го толкува ликот на добро познатиот Мистер Бин. Меѓутоа, кога оваа девојка се шминка, таа неодоливо изгледа како манекенката Кендал Џенер.

„Мислам дека видеото го изгледав пет пати, но и понатаму не можам да верувам колку си во состојба да го промениш личниот опис. Убаво е, но премногу за мој вкус“ - ѝ порача една девојка.

Во видеата на кои Фабиола нема шминка, на нејзиното лице доминираат густите веѓи и крупните очи, но кога ќе се нашминка таа станува сосема друга девојка.

@fabiola.baglieri

strongest neck in the world, no cap

original sound - ALTÉGO

„Од Мистер Бин до црвениот килим“ - напиша таа под едно видео од своите трансформации, а покрај позитивните коментари, секако, има и такви кои ја осудуваат.

„Се забележува дека убаво се шминкаш. Браво за тоа. Но, не е во ред момчето да те запознае ненашминкана, а потоа наутро да те види без шминка. Мислам дека срцето ќе му застане“ - ѝ напиша еден корисник на ТикТок, на кој Фабиола му одговори: „Благодарам на комплиментот. И да, веќе имам момче кое сака токму онаква каква што сум.“


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: