Прекари кои ќе ве насмеат: Како се нарекуваат членовите на британското кралско семејство меѓусебе

Прекари кои ќе ве насмеат: Како се нарекуваат членовите на британското кралско семејство меѓусебе

Објавена во: Совети // Семејство

фото:SHUTTERSTOCK

Гери, Попс, Мињонет, Лоти... кој е кој?!

Сè уште е актуелна анегдотата кога малиот принц Вилијам паднал и плачел викајќи: „Гери, Гери“, на што го прашале - кој е Гери, а потоа се појавила кралицата Елизабета Втора и елегантно одговорила: „Јас сум Гери “.

Иако не се сомневаме дека дури и зад затворените врати на Бакингемската палата, членовите на британското кралско семејство се јадат со златни лажици во своите скапоцени комплети, тие сепак се само уште едно семејство. Затоа секој од нив има и прекари што ги стекнал изминатите децении, а ова се само некои од нив.

Кралицата Елизабета Втора несомнено има најмногу прекари затоа што е мајка, баба, прабаба и многу, многу повеќе освен што е монарх и една од најмоќните жени на планетата.
Нејзиниот најпознат прекар е Лилибет, по кого принцот Хари и Меган Маркл ја именуваа својата неодамна родена ќерка, инаку прекар кој Елизабета го доби од нејзиниот татко Џорџ Шести.

Нејзините внуци Вилијам и Хари ја нарекуваат баба, а кога бил мал, принц Вилијам не можел да го изговори зборот баба (granny), па тој ја нарече - Гери! 

Неговиот најстар син, принцот Џорџ, има симпатичен прекар за својата прабаба: Ган-Ган и така ја нарекувал уште од две и пол години. 

Покојниот принц Филип ја нарекуваше својата сопруга Кабаге (зелка), додека некои членови на семејството како Камила Паркер-Боулс и сопругата на принцот Едвард Софи Рис-Џонс ја нарекуваат мама. 

Принцот Вилијам е папа за неговите деца, а најстариот Џeорџ го нарекува Попс .

 Остатокот од семејството обично го нарекува војводата од Кембриџ, Вил, а новинарите некогаш биле присутни кога Кејт Мидлтон му се обратила на својот сопруг -со Бејб, додека покојната принцеза Дајана го нарекла Вомбат. 

Нивната ќерка, принцезата Шарлот, татко ѝ Вилијам ја нарекува Мињонет, додека е познато дека нејзината мајка Кејт, ја нарекува Лоти.

Познато е дека сопругата на принцот Хари, Меган, го вика Хез и Ејџ, додека многупати сме го слушале принцот како зборува за неговата мила како Мег. 

Интересно, принцот Чарлс излезе со многу креативен прекар за Меган Маркл: Волфрам. 

Синот на Хари и Меган, Арчи, го доби прекарот Арх од неговата мајка, а познато е дека и двајцата понекогаш го нарекуваат Баба.

Добро е познато дека принцот Чарлс и Камила Паркер уште од првите денови на нивната врска ги нарекуваа Фред и Гледис, а најстариот внук на идниот крал на Велика Британија, Чарлс, принцот Џорџ гом вика дедо од Велс.

извор:GLOSSY

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: