Прекрасен гест на Кејт Винслет: Охрабри тинејџерка за време на првата задача како новинар (ВИДЕО)
Нашите дела говорот за нас повеќе од зборовите, а социјалните мрежи се преплавени со позитивни реакција за постапката на Кејт Винслет...
Кејт Винслет е светска ѕвезда од А категорија, а општо е познато дека ѕвездите од калибар не сакаат да даваат интервјуа на било кој, туку на искусните и познати имиња од светот на новинарството.
Неодамна Кејт гостуваше на една германска телевизија, за да го промовира филмот „Avatar: The Way of Water“.
Но, за време на своето гостување во Германија сретна и една млада новинарка, по име Марта, која ја замолила за интервју, но и која срамежливо ѝ признала дека ова ѝ е прво интервју во животот.
Можете да замислите каква возбуда е тоа, прва задача како новинар и тоа со една од најголемите светски ѕвезди, која ја паметиме по улогата на Роуз во филмот „Титаник“.
Однесувањето на Кејт во тој момент, го воодушеви светот. Кога дознала дека Марта е нова во сето ова, на младата новинарска надеж ѝ упатила зборови полни со охрабрување.
„Кога ќе го направиме ова интервју, тоа ќе биде најдобриот разговор досега, а знаеш ли зошто? Затоа што одлучивме да биде така. Можеш да ме прашаш што сакаш и не се плаши, сѐ ќе биде неверојатно“ - ѝ вети Кејт на Марта и со тоа ѝ ја намали тремата.
Kate Winslet reassuring this young girl that her interview will be amazing is the most precious thing I’ve ever seen pic.twitter.com/sm0D5FWWsM
— Liv Marks (@OliviaLilyMarks) January 9, 2023
По ова прво новинарско искуство, некако претпоставуваме дека Марта ќе продолжи да се занимава со ова во иднина.
Реакциите на социјалните мрежи беа позитивни, луѓето се воодушевени од актерката, која е навистина приземна, и покрај големата популарност.
„Светот не ја заслужува Кејт Винслет“ - гласеше еден од коментарите на социјалните мрежи.
фото: Принтскрин / Инстаграм