Прекрасна сцена: Кој вели дека кучињата не сакаат да слушнат едно „извини“?
Исто како луѓето и милениците можат да се лутат. Понекогаш се нервираат од некое друго животно, а понекогаш не им се допаѓаат некои наши постапки, во секој случај, и понекогаш сакаат да слушнат „извини“.
Вака испадна во случајот со прекрасниот Ралфи.
На видеото објавено на Инстаграм, можете да видите како ова прекрасно куче одбива да погледне кон својата сопственичка.
Таа упорно го прашува дали е лут на неа и дали таа направила нешто со што го налутила, но Ралфи не попушта. Сè додека не одлучила да му се извини.
Во тој момент, неговото големо, тврдо срце омекна, и тој се сврте кон неа и ѝ скокна во прегратка.
Оваа прекрасна сцена доби илјадници лајкови, а следбениците на Инстаграм со ентузијазам ја коментираа.