Прекрасни моменти во кругот на најблиските: Марија Шерифовиќ направи крштевка за својот син на посебен ден за семејството
Српската пејачка Марија Шерифовиќ направи крштевка за синот Марио, кој го доби од сурогат мајка. Малиот Марио бил крстен во белградскиот храм „Свети великомаченик Димитриј“.
Семејството Шерифовиќ го одбележува споменот на Свети Василиј Острошки како крсна слава, а токму на тој ден Марија го крстила својот син во храмот на Свети великомаченик Димитриј во Белград, пишува Блиц.
Крштевањето на малиот Марио се случило во кругот на неговите најблиски роднини, а по црковната церемонија на крштевката бил организиран ручек за семејството.
Пејачката не сподели детали на социјалните мрежи, но на Инстаграм објави фотографија од славеничката вечера.
-Благословена е славата на свети Василије Острошки – напиша Марија на фотографијата што ја објави на Инстаграм од празнична свеќа, жито и чаша вино.
Да потсетиме, Марија Шерифовиќ стана мајка на крајот на минатата година, кога со помош на сурогат мајка во Америка се роди нејзиниот син Марио.
Таа потоа истакна дека моментот на средбата со нејзиниот син не може да се спореди со ништо, иако долго време го замислувала овој момент.
„Долго се подготвував за тој момент, безброј пати во главата замислував како ќе изгледа... Ми кажаа и мајка ми и блиските пријатели, но тоа чувство е неописливо со зборови, нешто најпосебно... Изгледа мене тие неколку минути од првиот допир траеја прекратко или предолго... Едноставно толку многу емоции што го запираат секое друго чувство“ – изјави тогаш пејачката за Блиц.
Фото: ИнстаграмИзвор: Glossy.espreso.co.rs