Прекрасни, романтични и толку шик: Чевли уште поубави од балетанки ги освојуваат трендсетерите, омилени ѝ се на Хајли Бибер
Во исто време едноставни и многу ефективни, овие чевли се популарни повеќе од еден век со причина, а во комбинација со бели здолништа изгледаат уште поубаво
Изминатиов викенд го одбележа популарниот музички фестивал Коачела, кој секоја пролет се одржува во Калифорнија и собира голем број познати личности.
Меѓу нив и оваа година беше манекенката Хејли Бибер, чиј секој стајлинг е модна инспирација, а во еден момент беше видена во многу шик комбинација за пролет.
Сопругата на пејачот Џастин Бибер облече зелен ретро фудбалски дрес во комбинација со бели шорцеви, а своето издание го комплетираше со многу популарниот модел на чевли оваа сезона – класичните рамни чевли на Мери Џејн.
Таа се одлучи за модел на брендот „Sandy Liang“, чевли со едноставен дизајн, изработени од црна напа кожа, која изгледа многу убаво во комбинација со бели чорапи и главно трендсетерките ги носат токму така.
Некогаш дел од училишната униформа на девојчињата, оваа комбинација влезе во стилот на возрасните жени пред неколку децении, а веќе некое време познатите брендови, како Margiela, Chanel, Gucci, Versace, Miu Miu, постепено ги враќаат чевлите на Mary Jane, па затоа е не е изненадувачки што оваа година доживеаа таква популарност.
Шик моделот на чевли, кој се карактеризира со ремен што се протега преку стапалото, ја освои модната сцена во Париз во текот на 20-тите и 30-тите години на минатиот век, а во текот на 60-тите беа најпопуларниот модел на рамни женски чевли.
Денес тие не само што се рамни, туку можете да најдете варијанти со стабилна блок-пета, платформа, па дури и со ниска потпетица.
Чевлите на Мери Џејн најверојатно првпат биле направени во формата во која ги знаеме денес во втората половина на 19 век, во времето на шпанската кралица Мерседитас, сопруга на кралот Алфонсо XII.
Марија де лас Мерцедес де Орлеанс се омажи за кралот во 1878 година во слатки лакирани чевли со ремен, а таа почина само пет месеци по венчавката, па сè на неа беше романтизирано.
На почетокот на 20 век, во 1904 година, сличен модел претстави компанијата Браун Шу од Мисури, која им го даде името Мери Џејн по девојката во која беше вљубен популарниот стрип херој од тоа време, Бастер Браун.
Дури и балетанки кои се носат во 2024 година ќе бидат инспирирани од чевлите на Мери Џејн, односно украсени со прерамки и дефинитивно се одлична инвестиција за пролет и лето, а во комбинација со бели чорапи се комбинација која тешко може да се игнорира.
Извор: glossy.rs