Прекрасни зборови: Мајката на Хари Стајлс јавно ја пофали неговата девојка Оливија Вајлд (ФОТО)

Прекрасни зборови: Мајката на Хари Стајлс јавно ја пофали неговата девојка Оливија Вајлд (ФОТО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Мајката на Хари Стајлс, Ен Твист, сподели рецензија за филмот на Оливија Вајлд на социјалните мрежи. Имено, таа се погрижила да биде една од првите во Франција што ќе го гледаат филмот „Не се грижи мила“, а ноќта ја документирала позирајќи пред плакатот со насмевка на лицето.

„Не грижи се мила“, ти беше одлична“, напиша Ен на Инстаграм на 21 септември, заедно со фотографиите од неа и нејзините пријатели. „Навистина уживав од почеток до крај.“ Таа, исто така, и оддаде почит на Оливија , која ја објави нејзината врска со Хари во јануари 2021 година, откако се запознаа на снимањето на познатиот психолошки трилер.

„Браво за Оливија Вајлд и тимот“, продолжи Ен, додавајќи, „браво за Хари кој го играше фантастичниот Џек. Јас сум многу горда како и обично.“ 

Инаку, филмот ја имаше својата премиера во Њујорк на 19 септември, каде Хари и Оливија беа видени како влегуваат заедно во хотелот „Бовери“ на забава. Покрај тоа, ја имаше својата светска премиера претходно овој месец на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, иако еден од насловите што излезе од настанот беше гласината дека музичарот го плукна колегата Крис Пајн .


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: