Преку ноќ стана сензација, денес е мажена и успешна: Се сеќавате ли на Илма Карахмет?
Илма Карахмет од Кисељак ја запознавме како 13 - годишна девојка во првата сезона на популарното музичко натпреварување Х - Фактор. Седум години подоцна, Илма Карахмет е мажена и нејзиното име се поврзува со голем хит.
Кога се појави на сцената на балканската верзија на популарното музичко натпреварување Х - Фактор, Илма делуваше како преплашено девојче, но набрзо следуваше гласот кој не го остави рамнодушно жирото. Нејзината изведба на песната „Има један свет“ од групата „Стијене“ се прошири на социјалните мрежи со брзина на светлината и на младата Илма ѝ донесе регионална популарност.
Иако за кратко време стана вистинска Интернет сензација, Карахмет не успеа да остане во натпреварувањето, а набрзо по елиминацијата се случи скандал кој за среќа не ѝ ја уништи понатамошната кариера. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук се појави статус преку кој наводно Илма упатила клетва кон еден од членовите на жирито, пејачката Емина Јаховиќ.
Карахмет набрзо го демантираше тоа и посочи дека станува збор за лажен профил. Како што тврдеше тогаш, некој управувал Фејсбук страница со нејзиното име и на тој начин се обидел да ја навреди Емина.
Од таа 2013 година помина многу време, но младата Илма успеа да направи кариера. Не само тоа, пејачката пред две години се омажи.
Судбоносното „да“ го кажа на своето момче Седин Лакаќ на свечена церемоција која се одржа во Сараево.
На само 20 години, Илма денес е на патот да стане едно од најуспешните имиња на балканската сцена, а оваа година го објави синглот под назив „Неко није“, кој навистина оствари голем успех.
Може да ве интересира:
(ФОТО) Таа беше првата победничка на Ѕвездички, а денес нема да ја препознаете!