Преку ноќ стана сензација на Интернет: Еве како изгледа кога татко ќе оди на забава со ќерката

Преку ноќ стана сензација на Интернет: Еве како изгледа кога татко ќе оди на забава со ќерката

Објавена во: YouTube видеа, Семејство

По видеото кое една девојка го сподели на ТикТок, во кое заедно со татко ѝ е на забава, двајцата станаа ѕвезди...

Социјалните мрежи без кои денешниот живот е незаменлив, на многу непознати луѓе им дадоа шанса преку ноќ да станат популарни и познати.

Така и еден татко стана ѕвезда на ТикТок, откако неговата ќерка објави видео од забава на која била со него.

Ќерката се вика Талиа и била на одмор во Мадрид, заедно со своето семејство. Посакала да оди во ноќен клуб, а нејзиниот татко се понудил да оди со неа.

Заминале заедно, тој носел класична комбинација за еден татко - кошула, очила и џемпер, но со своите танцувачки движења ги засенил сите во дискотеката во Шпанија.

Како што пренесува „Mirror“, заедно танцувале цела вечер, а Талиа го снимила совјот татко додека ги пеел сите популарни песни, а и додека танцувал седејќи. Поради нејзиното видео на ТикТок станал еден од омилените татковци на социјалните мрежи.

@taliasc

flash warning!!! @taliascdad iconic to say the least #madrid #espana #spain #clubbing #nightlife #dadsoftiktok

Low (feat. T-Pain) - Flo Rida

На семејството испраќал и селфиња, танцувал на модерна мзуика и пропратно испраќал деловни мејлови. Додека сите други пиеле текила, овој татко се држел до соковите и ништо не му недостасувало.

Талиа се пошегувала дека нејзиниот татко „сите присутни ги потсетувал дека тој е главниот лик“, танцувајќи до крајот на вечерта. Ова нејзино видео има дури 10 милиони прегледи на ТикТок, а многумина искоментирале дека има „кул“ татко.


Објавена во: YouTube видеа, Семејство

Можеби ќе ве интересира: