Преку осигурување приватна здравствена заштита до подолг живот - Имаме потенцијал за живеење над 100 години!
Неодамнешно истражување објавено од „Нејчр комјуникејшнс“ покажува дека, под соодветни околности, човечките суштества имаат потенцијал да живеат до 150 години. Во таа насока се и најновите достапни податоци од Светска банка кои потврдуваат дека колку повеќе се вложува во квалитетна здравствена заштита се продолжува просечниот животен век на еден човек. Заклучоците на Светска банка базираат на анализа на трошоците за здравствена заштита по глава на жител во 178 различни земји и нивниот просечен животен век. Разликите варираат од земја до земја зависно од животниот стандард, вложените трошоци за здравствена заштита, начинот на исхрана, и секако според традиционалните здравствени навика во секоја земја.
Несомнен факт е дека просечниот животен век последниве 30-тина години расте! Но, 150 години живот ќе се согласите звучи неверојатно! Сите анализи, согледувања водат кон заклучок дека квалитетниот и долговечен живот несомнено најмногу зависи од квалитетните здравствени услуги. Во ваква ситуација она што логично ни се поставува како прашање е како да се осигуриме дека ќе добиеме најдобра здравствена заштита. Државното здравство веќе поодамна не е сигурна опција, барем за поспецифични услуги. Додека пак кога ќе се решиме да одиме во приватните здравствени институции знае да не дочека ценовен шок. Има решение? Со избор на соодветен пакет за индивидуално и семејно здравствено осигурување од Кроација осигурување, имаме сигурност за здравјето, заштедуваме време и средства.
Во текот на минатиот век, очекуваниот животен век е повеќе од двојно зголемен благодарение на иновациите и откритијата во различни медицински области поврзани со санитарни услови, вакцините и превентивната здравствена заштита, и секако со современата медицинска опрема.
Но, иако просечниот животен век на луѓето значително се зголеми на глобално ниво, сè уште постои забележителен јаз во просечниот животен век помеѓу различни земји. Проекциите на ОН предвидуваат дека развиените земји ќе бележат поголем животен век од регионите во развој.
Иако идеалот за сите е долг и квалитетен живот, исполнет со среќа и радости,
Македонија во анализата на Светска банка се најде на 67. место од вкупно 175 земји. Во нашата земја просечниот животен век е 76 години, а просечните трошоци за здравствена заштита по глава на жител изнесуваат 437 долари.
Но доколку сме добро информирани, можеме за многу помалку средства да осигураме квалитетна здравствена заштита. Пакетите CROCARE овозможуваат добивање здравствени услуги целосно ослободени од несаканите трошоците во приватните здравствени институции. Пронајдете го соодветниот пакет на https://web.crosig.mk/ или јавете се во контакт-центарот на 15599. Лекувањето во приватните здравствени установи може да е брзо, без да се изложувате на високи трошоци.
* ПР - објава