Премиерката на Финска на еден ден е ослободена од должностите: Тинејџерка дојде на нејзиното место

Премиерката на Финска на еден ден е ослободена од должностите: Тинејџерка дојде на нејзиното место

Објавена во: Совети // School zone

Премиерката на Финска, Сара Марин денес е „ослободена од обврските“, бидејќи претпладне симболично на еден ден својата должност ја предаде на девојче од 16 години во склоп на кампањата за промовирање на правата на девојчињата.

Тинејџерката Ава Мурто на скалилата на Парламентот по состанокот со министерот за правда, на новинарите им кажа дека поминува „возбудлив ден“ за време на кој научила „нови работи за законодавството“.

Ава Мурто, по потекло од мал град на југот на Финска, ќе одржи говор пред група пратеници и ќе разговара со министерот за развој и надворешна трговија.

Таа за агенцијата „Франс Прес“ изјави дека нејзината порака е јасна: „Девојките треба подобро да разберат колку се важни и дека се исто толку добри како и момчињата во технологијата“.

Ава Мурто, ученичка од средно училиште, која активно ја води кампањата за прашањата поврзани со климата и човековите права, исто така сака да зборува за моќта на младите кога се иновациите во прашање: „Мислам дека младите можат да ги научат возрасните да бидат поиновативни и да размислуваат повеќе иднината“.

На прашањето дали би сакала да стане премиер, таа одговори дека не останува на неа да одлучи, „но зошто да не!?“.

Доделувањето на функцијата премиер на девојчињата е дел до светската кампања „Girls Takeover“, добротворната организација „Plan International“ за придвижување на девојчињата кон дигиталните вештини и можности во технолошката индусрија, а исто така е посочен и проблемот со злоупотреба на жените на Интернет.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: