Премина на мрачната страна на татко ѝ, за мајка ѝ не сака да слушне: Како изгледа денес посвоената ќерка на Том Круз и Никол Кидман? (ФОТО)

Премина на мрачната страна на татко ѝ, за мајка ѝ не сака да слушне: Како изгледа денес посвоената ќерка на Том Круз и Никол Кидман? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Посвоената ќерка на Том Круз и Никол Кидман денес ретко може да се види во јавноста...

Никол Кидман и Том Круз некогаш беа најпознатиот холивудски пар. Нивната љубов беше огромна, а во текот на бракот посвоија и две деца - Изабела и Конор, но сепак по 11 години ставија крај на нивната љубов. Том Круз навлезе во скиентологијата, а поради сето тоа што следувало за време и по разводот, иако не се заедно веќе 20 години, нивната приказна и понатаму е тема за медиумите.

Имено, се зборуваше дека до крајот на љубовта дошло бидејќи на Никол не ѝ се допаднало мешањето на црквата во нивниот однос, како и строгите правила кои морала да ги почитува кога е во прашање одгледувањето на децата. Иако со сите сили се трудела децата да ѝ припаднат на неа, и синот и ќерката сакале да останат со татко им. На сето тоа, менталното здравје на актерката не било баш најдобро, што Круз го искористил за да децата да ги сврти против неа.

Никол со години се убедувала да ги сврти на своја страна, меѓутоа ни Конор, ни Изабела не го прифатиле добро тоа. Колку далеку отишло сето ова светочи и тоа што Бела со Никол не зборува скоро 20 години.

Актерката во една прилика ја искоментира целата ситуација со зборовите дека „мајчинството е патување“.

„На него ќе има неверојатни подеми и падови. Она што му треба на детето е љубов“ - кажа таа во една прилика и додаде дека нејзините дека ја избрале скиентологијата и дека работа на родителите е да им пружат љубов.

Инаку, самиот брак помеѓу Никол и Том не се заврши мирно, бидејќи актерката не очекуваше дека сопругот ќе ѝ побара развод. Иако го молеше Том да му дадат втора шанса на односот, особено бидејќи во тој момент наводно била бремена со нивното бебе, а поради ситуацијата во која се нашла на крајот го изгубила бебето.

И додека со Конор имала некаков однос, со Изабела конечно разговарала кон крајот на 2020 година.

Тогаш многумина забележале дека често ѝ става лајк на фотографиите на Инстаграм, а од скоро Изабела го врати и презимето на мајка ѝ, со оглед на тоа што со години и стоеше само Круз. Таа дури неодамна објави своја фотографи што е реткост, и од неа може да се забележи дека изгледа поинаку.

Ни Изабела, а ни Конор немаат зборувано јавно за мајка им, а додека момчето својата среќа ја најде на Флорида каде се занимава со кулинарство и риболов, ќерката на актерската двојка се пресели во Лондон, каде живее со сопругот ИТ советник Макс Паркер во скромна куќа со три спални соби.

Никол своевремено објасни и зошто нејзината ќерка ја избрала Велика Британија како свој дом.

„Знаете, таа повеќе се чувствува како Британка. Живеевме таму за време на снимањето на „Eyes Wide Shut“, „Mission Impossible“ и „The Portrait of a Lady“. Двајцата имаат британски нагласок уште од мали.

Меѓутоа, интересно е што ни Том ни таа не биле гости на венчавката на Изабела, иако наводно познатиот актер бил оној кој пратил сѐ. Кога во 2016 година ја прашале дали разговара со родителите, Изабела одговорила: „Секако дека разговараме, тие ми се родители“.

Инаку, таа се заниамва со уметност, а на својот профил продава не само слики, туку и насликани предмети и графики, а цената се движи од 8 до 85 долари. Светлата на рефлекторите дефинитивно не ја интересираат.



фото: Принскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: