Премногу се плашат: Откриено е зошто Меган и Хари не сакаат синот Арчи да ја носи титулата гроф

Премногу се плашат: Откриено е зошто Меган и Хари не сакаат синот Арчи да ја носи титулата гроф

Објавена во: Совети // Семејство

Меган и Хари не сакаа нивниот син Арчи да ја носи титулата гроф од Дамбартон од причина што изненади многумина...

Првородениот син на Хари, Арчи требаше да ја добие титулата Ерл, односно гроф од Дамбартон, една од помоќните титули на неговиот татко, принцот Хари.

Откако Меган оваа година ја роди ќерката Лилибет, децата на познатата двојка повторно станаа главна тема во медиумите.

За тоа овие денови зборуваше кралскиот експерт и биограф Ендрју Мортон, кој за „US Weekly“ ја откри вистинската причина поради која Хари и Меган одлучија нивниот син да нема никаква титула.

Имено, тие можеле да се определат за почесната титула „гроф од Думбартон“, но се откажале бидејќи сметале дека нивниот син во училиште би можел да биде предмет за потсмев. Имено, зборот „dumb“, кој се наоѓа во називот на англиски значи „глупав“, што не им се допаднало на Хари и Меган.

„Хари и Меган биле против таа титула, мислејќи дека Арчи еден ден поради тоа ќе биде исмејуван“ - изјави Мортон, инаку автор на книгата „Meghan and the Unmasking of the Monarchy: A Hollywood Princess“.

Освен тоа, експертот додаде дека Меган и Хари на сите јасно им дале до знаење дека не сакаат Арчи да има титула.

Кога Меган го родила синот, многумина дури се посомневале дека дворецот одлучил Арчи да нема титула, поради бојата на неговата кожа.

„Од палатата велат дека тоа нема врска со бојата на кожата. Според кралскиот проток кој го вовел кралот Џорџ V, само оние кои се во линијата наследници може да ја добијат титулата принц или принцеза“ - изјави своевремено извор близок до кралското семејство за „US Weekly“.

Да потсетиме, иако Меган и Хари планираа да одат во Велика Британија за да присуствуваат на забавата во чест на отворањето на споменикот на принцезата Дајана, познатата двојка сепак се предомисли и се откажа од таа замисла. Освен тоа, по шпекулациите дека својата ќерка ќе ја крстат пред нејзината баба кралицата Елизабета, ни тоа нема да се случи.

фото: MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIA

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: