Преслатка глетка: Двејн Џонсон пред теретана е на шминкање кај неговата ќерка
Поранешниот професионален борач, Двејн Џонсон е посветен на тренинзите и исхранта на дневна основа. Следната година тој ќе полни 50 години, а уште е како „планина“ од мускули.
Дека има појаки од него, покажува и видеото кое е објавено на неговиот профил. Имено, Џонсон подлегна на притисокот на неговата ќерка и ѝ дозволи да го нашминка пред да се „фрли“ на вежбање во теретана.
„Тргнав да одам на својот божиќен тренинг кога моето мало торнадо ми кажа: „Тато, мораш прво да се нашминкаш“.
Како изгледа тато Двејн со шминка, погледнете во видеото во продолжение: