Преслатка и во кежуал издание: Анастасија со качулка на главата го бодреше Гудељ од трибините (ФОТО)

Преслатка и во кежуал издание: Анастасија со качулка на главата го бодреше Гудељ од трибините (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Анастасија Ражнатовиќ е чест гостин  на натпреварите на кои настапува нејзиниот сопруг Немања Гудељ, а сега повторно присуствуваше на еден од нив. Имено, Анастасија на својот Инстаграм профил објави фотографија од трибините, а мнгумина не ја препознаа.

Таа беше во лежерно издание со качулка на главата, нашминка но сепак преслатка. Лајковите и коментарите не стивнуваа а дел од нив беа: „Едноставно и убаво“, „и во кежуал варијанта си топ“, „убава“...

Да потсетиме, Небојша Гудељ, таткото на фудбалерот Немања Гудељ, првпат јавно проговори кога станува збор за свадбата на неговиот син и Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Познатиот фудбалер, а сега и тренер, сака да стави крај на инсинуациите за прославата, за која јавноста се шпекулираше дека ќе биде до крајот на оваа година, а детално го откри ставот на неговото семејство за тоа.

- Прво морам да се оградам и да реагирам на тоа дека не е вистина и не е прв пат некој да шири лаги и глупости за моето семејство. Нека ми го остават семејството и децата да живеат нормално и да напредуваат во нивните животи. Никој нема да одлучува наместо нас за нашите принципи на живот, датуми, места и други детали, а први кои ќе дознаат за тоа се секако родителите, потоа семејството и пријателите. Оваа година нема свадба, бидејќи не сме разговарале за тоа. Во нашето семејство постои хиерархија која се почитува и ние како семејство секојдневно комуницираме. Дури и кога не се слушаме, одлично се разбираме и имаме свој идентитет и култура што ги создадовме низ нашиот пат и живот - изјави Гудељ спрските медиуми.

Фото:Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: