Преслатки: Младиот брачен пар Бекам - Пелц одговараше на незгодни прашања за нивната врска (ВИДЕО)

Преслатки: Младиот брачен пар Бекам - Пелц одговараше на незгодни прашања за нивната врска (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

По нивните одговори можеме да видиме колку се заљубени...

Бруклин Бекам и Никола Пелц се една од омилените двојки во светот на познатите. Во едно интервју за британскиот „Вог“ одговараа на разни прашања за нивната врска, а од сега се официјално и сопружници, бидејќи викендов запловија во брачните води.

Бруклин Бекам е син на познатиот фудбалер и модел Дејвид Бекам и дизајнерката Викторија Бекам, додека неговата сегашна сопруга, Никола Пелц е позната по својот популарен татко, но и по некои улоги во сериите и филмовите во кои има глумено. И пред да го кажат судбоносното „да“, за британскиот „Вог“ овој брачен пар одговараше на некои незгодни прашање, како оние кој во нивната врска подобро танцува и кој во нивната врска прв се заљубил. Мораме да признаеме дека се навистина преслатки, особено во оние одговори за кои не се согласување, па се двоумат кој од нив двајца е во право.


Сега и официјално се маж и жена, а нивната венчавка се одржа на Флорида, но со едно многу строго правило. На венчавката беа забранети мобилните телефони, така што гостите не беа во можност меѓусебно да се фотографираат, но некои фотографии од венчкавката сепак се појавија во јавноста.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: