Прво огласување по свадбата на година: Бруклин Бекам сподели фотографии, сите гледаат во венчаницата

Прво огласување по свадбата на година: Бруклин Бекам сподели фотографии, сите гледаат во венчаницата

Објавена во: Совети // Семејство

„Вог“ е единствениот магазин кој имаше фото пристап на оваа венчавка...

Бруклин Бекам и Никола Пелц се дефинитивно двојка за која моментално се зборува. Нивната венчавка е една од оние за паметење, скоро па како да се кралска двојка. Потрошени се милиони и милиони за сѐ да изгледа совршено.

Се сомневаме дека некој ќе успее да ги надмине. Нивната венчавка беше толку екстравагатна што луѓето не можат да веруваат. Толку сакаат сѐ да држат во тајност што дури им забранија на гостите да фотографираат со телефоните, а единствени што имаа право да фотографираат беа фотографите од магазинот „Вог“. Како и секогаш, она што девојките најмногу ги интересира е тоа како венчаница носела невестата. Бруклин не можеше да не се пофали со својата избраничка на Инстаграм, кај која елеганцијата го држеше главниот збор.

Никола носеше венчаница од дизајнерот Валентино. Никој не може да порече дека и двајцата изгледале прекрасно.

Особено е интересно е тоа што покажаа дека во нивниот случај вреди она „годините се само број“. Девојките секогаш сакаат постари мажи, но кај нив разликата од 4 години е обратна, Никола е таа што е постара. Тоа не ги спречи во остварувањето на успешна врска, а сега и венчавка. Тие се двојка за која сигурно ќе се зборува.

Инаку, на венчавката беше повикана и кралската двојка, Кејт и Вилијам, но за жал ја одбија поканата.

Во продолжение погледнете ги и фотографиите кои Никола ги сподели на својот Инстаграм профил:


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: