Преслатко девојче со танц го освои ТикТок: Заштитен знак ѝ се симпатичните движења со рамената

Преслатко девојче со танц го освои ТикТок: Заштитен знак ѝ се симпатичните движења со рамената

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Малечко девојче со својот танц ги освои социјалните мрежи...

Со Reels и ТикТок, мини видеата станаа омилени помеѓу корисниците на Интернет. Неодамнешниот тренд кој дружи на овие виртуелни платформи ја вклучува песната „In Bible“ на Дрејк и преслаткото девојче кое танцува во базен.

Едногодишната Лејн, чија мајка Ники Џонсон првобитно објави видео кое ја направи интернет ѕвезда, пренесува „Klix“.

Виралното видео на кое Лејн танцува во базен, Ники првпат го сподели на Инстаграм на 6 септември, а потоа многу корисници го преземаа и го искористија за да илустрираат разни „животни ситуации“.

Ники повторно го сподели ТикТок видеото на Инстаграм профилот, каде може да се видат мајката и ќерката како танцуваат.


Оригиналното видео на Лејн и нејзината мајка во базенот сега има скоро 50 милиони прегледи на ТикТок, со неколку илјади коментари во кои корисниците истакнуваат дека не може да престанат да се смеат додека го гледаат видеото.

Изгледа дека овој танц е заштитен знак на девојчето, бидејќи п опрвото видео следуваа уште неколку кои ја прикажуваат преслата Лејн како танцува на истиот начин.

Таа ги мрда рамениците и додека во столчето за хранење јаде роденденска торта, додека седи покрај базенот или во ресторан со родителите, а ТикТок профилот на нејзината мајка изобилува со видеа кои го прикажуваат тоа.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: