Преслатко видео: Бебе гуга од среќа штом го чуе гласот на родителите

Преслатко видео: Бебе гуга од среќа штом го чуе гласот на родителите

Објавена во: Совети // Семејство

4 - месечната Георгина Адисон родена е глува, а добила апаратче за слушање кога имала само неколку недели. Секое утро штом го чуе гласот на мајка си и татко си, малата Георгина се смее и гуга и носи радост во целото семејство.


„Откако има апаратче за слушање, тоа е исто како да запаливме светло“ - раскажа таткото на бебето, Пол Адисон од Велика Британија.

„Секое утро се воодушевува штом не чуе, веднаш е посреќна. Лицето и блеска од воодушевување. За нас родителите тоа е вистинска радост. Срцето ми се полни со среќа и ова нема цена. Секое утро Георгина реагира како да не слуша првпат, а тоа никогаш нема да ни здодее. Откако може да не слушне преку апаратчето, секое утро се смее“ - додаде тој за Telegraph.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: