Пресврт во случајот со Габи Петито: Нејзиното момче било мртво два дена по нејзиното исчезнување?

Пресврт во случајот со Габи Петито: Нејзиното момче било мртво два дена по нејзиното исчезнување?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Потпаролот на полицијата Норт Порт на Флорида кажа дека постои „многу голема можност“ Брајан Лондри да бил мртов два дена откако била пријавена за исчезната неговата девојка Габи Петито.

Џош Тејлор ова го кажа за „People“, додека зборуваше за грешката која одделението ја направило кога погрешно го идентификувало Лондри.

„Освен конфузијата, веројатно ништо не се промени. Постои многу добра можност Брајан веќе да бил починат. И понатаму се трагаше по него. Само сакавме луѓето подобро да разберат зошто мислевме дека Брајан е во својот дом“ - кажа Тејлор.

Порано оваа недела беше откриено дека службениците од одделението ја измешале Роберта Лондри, мајката на Брајан, со него, во деновите откако беше пријавено исчезнувањето на Габи Петито.

Службениците кажаа дека Роберта со бејзбол капа на главата го возела сивиот мустанг на својот син и верувале дека жената е всушност Брајан.

Ова било објаснувањето кога новинарите прашале зошто шефот на полицијата Норт Порт, Тод Харисон на 16 септември кажал дека знае каде се наоѓа Брајан Лондри, пренесува „Independent“.

Во реалноста, Брајан својот дом го напуштил „многу вознемирен“ на 12 септември, според зборовите на адвокатот на семејството, Стивен Бертолин.

Според зборовите на Тејлор, веројатно Лондри веќе бил мртов за време на конференцијата за медиумите.

Тејлор за грешката околу забуната ги обвинил неговите родители, велејќи дека поради нивното одбивање да соработуваат со полицијата било тешко да го следат Брајан, истакнувајќи дека мајката и синот се „слично градени“.

Адвокатот на семејството ја обвини полциијата, бидејќи изгубиле трага од некој кој би требало да го надгледуваат.

„Се согласувам со Тејлор дека Брајан можеби веќе бил починат кога полицијата сфатила дека му ја „изгубиле трагата“. Меѓутоа, не можете да го обвините семејството, бидејќи полицијата не знаеле доволно да следи некој кој очигледно го надгледувала“ - кажа тој.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: