Претажно: Ѕвездата од серијата „Династија“ фотографирана во страшна состојба! (ФОТО)

Претажно: Ѕвездата од серијата „Династија“ фотографирана во страшна состојба! (ФОТО)

Објавена во: Stars // Филм

Актерката Хедер Локлир (61) минатиот четврток ја загрижи јавноста кога беше видена како чудно се однесува во Малибу, Калифорнија. Телевизиската ѕвезда, која има проблеми со менталното здравје и зависностите, а и се добро познати на јавноста, беше фотографирана како се обидува да балансира на надворешниот дел од една деловна зграда носејќи апостолки и држејќи се за работ да не падне. Загрижените пријатели велат дека Локлир можеби повторно почнала да пие по рехабилитацијата.

Локлир беше видена како ја вози маж за кој се верува дека е нејзиниот вереник, поранешниот тркач во мотокрос Крис Хајзер, околу 13 часот на едночасовен состанок. Кога излегла од зградата, Хајзер ја чекал во автомобилот, а таа тргнала покрај зградата и трчала преку улицата.


Седнала на врвот од скалите читајќи од дневникот, а потоа почнала да зборува со себе и изгледала вознемирено. Во еден момент таа налутено покажала на нешто напишано во дневникот и гестикулирала пред да го спакува дневникот во нејзината чанта. Долго време поминала на тоа место.

Додека одела по работ од зградата, таа изгледала нервозно и се држела за оградата за да избегне стрмен пад на паркингот долу.

По повеќе од еден час, Локлир истрчала до Хајзер, кој трпеливо ја чекал во автомобилот. Изгледаше среќена што ѝ го дал просторот што го сакаше и заедно заминале. Потсетуваме дека People објави дека актерката била на рехабилитација повеќе од 20 пати во 2019 година.

Инаку Локлир и Хајзер се неколку години во врска. Тој беше нејзината средношколска љубов. Двојката се состануваше во доцните 70-ти во Њубери Парк училиште, и имаа по неколку блакови зад себе, се до 2017 година кога ја обновија врската.

Локлир беше во брак со Томи Ли од 1986 до 1993 година и со Ричи Самбора од 1994 до 2007 година, со кој ја има ќерката Ава (25). Гласините велат дека Ава е цврста поддржувач на нејзината мајка и ѝ помогнала да се откаже од пороците во 2019 година. Покрај зависноста од алкохол и проблеми со менталното здравје, актерката во 2018 година беше уапсена и за семејно насилство и напад на полицаец, а потоа и за наводно вербално и физичко малтретирање на итната медицинска помош што ја повикала.

Во својата актерска кариера Локлир е позната по улогите во сериите од 80-тите и 90-тите години - „Мелроуз Плејс“, „Династија“, „Ти Џеј Хукер“ и „Спин Сити“.


Фото:screenshot/twitter

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: