Преубава и тажна: Хејли Бибер на социјалните мрежи блеска покрај Џастин, а во реалноста сѐ е поинаку
Џастин и Хејли Бибер се фотографирани во Западен Холивуд, а на некои фотографии манекенката изгледа многу несреќно и тажно, што сите ваквото однесување го поврзуваат со кризата во нивниот брак.
Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли долго ги немавме видено во вакви гламурозни изданија, особено манекенката која во последно време се запостави.
Брачната двојка се скоцка за новиот делов подвиг на 27-годишниот пејач во Западен Холивуд, а станува збор за аукција на уметнички дела во неговата галерија.
Бибер блескаше во класичен, црн костим, а 25 - годишниот модел се одлучи за раскошен црно - проѕирен фустан, со кој ја истакна својата фигура, но она што сите го забележаа е тоа што на нивните лица недостасува насмевка.
За време на излегувањето од галеријата, канадскиот пејач со двете раце ја имаше фатено својата сакана околу половината и не ја пушташе, а на некои фотографии манекенката повторно не изгледаше среќно.
Многумина ова го поврзуваат со неодамнешното скандалозно видео на кое Џастин ѝ вика во едно казино во Лас Вегас по настапот.
Сепак, брзо се огласи и самата таа и овие теории посочи дека се глупави и лажно, но постојат и такви кои и понатаму не веруваат, туку сметаат дека пејачот се однесува лошо кон неа, што таа саката не гледа од што е многу заљубена.
Исто така, на социјалните мрежи двојката живее љубовна идила, но е јасно како на таквите платформи корисниците објавуваат само работи кои сакаат и сами го креираат својот имиџ.
Како и да е, додека вистината не излезе на виделата, би кажале дека нивните лица говорат повеќе од илјада зборови.
фото: Profimedia / Инстаграм