Преубавата Наталија и нејзиното куче пронаоѓаат исчезнати деца: Заедно помагаат во решавањето на тешки злосторства
Полициското куче Јесењина е вистинска ѕвезда во својата единица во Санкт Петербург.
Паметната женка вучјак на инспекторите им помага при расветлувањето на злосторствата.
Кучето преку своето истенчено сетило за мирис ги следи трагите и ги пронаоѓа осомничените.
Јесењина минатото лето, помеѓу останатото, пронашла исчезнато момче и помогнала во текот на апсењето на еден педофил.
За неа се грижи и ја тренира кинологот и инспектор Наталија Бабкина, а според неа Јесењина сака да си игра и да работи.
„Таа има многу изразен карактер, не сака да седи мирна и да биде без работа“ - изјави полицајката.
Благодарение на своите неверојатни резултати, Јесењина и Наталија неодамна станаа лидери на главното одделение на едно руско министерство.