Причини кои ќе те освестат: Сети се на нив и заборави на тагувањето

Причини кои ќе те освестат: Сети се на нив и заборави на тагувањето

Објавена во: Совети // Семејство

Прочитај ги овие 5 изненадувачки факти, а веруваме дека потоа ќе ги избегнуваш овие чувства секогаш кога можеш. На пример никогаш нема да ти падне на памет да тагуваш поради разделба.

# Стресот буквално ја менува „хемијата“ во мозокот

Медицинските истражувања покажаа дека долгото тагување или болка поради нешто буквално го менуваат нивото на хемикалии кои се поврзани со стресот во мозокот, со што се зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочни удари.

# Организмот станува склон кон инфекции

Неодамнешниот губиток на сакана личност може да го направи организмот подложен на било какви инфекции, а тоа особено им се случува на повозрасните личности.

# Не прави постојано уморни

Доколку си во период на тагување по некој, тогаш ќе забележиш дека повеќе се заморуваш. Причината за тоа е тоа што болката и тагата ја црпат нашата енергија, па уморот постојано не следи.

# Може да предизвика анкциозност и депресија

Логично е доколку сме подолго време под стрес и сме тажни, тоа се одразува, пред се на нашето ментално здравје. Анкциозните напади и депресијата се најчести ментални пореметувања до кои може да се дојде доколку периодот на тагување е предолг.

# Пореметувањата во ихраната се почести

Кога некој е тажен се чувствува „празно“, па настојува таа „празнина“ да ја потполни со храна и се прејадува. Некој поради тагувањето и болката не може да јаде и го губи апетитот. И во едниот и во другиот случај станува збор за пореметувања во исхраната до кои може да се дојде, доколку долго сме изложени на овие чувства. 

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: