Пријанка и Ник ја објавија првата фотографија со бебето: По 100 дена кои ги помина во болница, конечно е со нас (ФОТО)
Двојката во јануари ја извести јавноста дека станале родители...
Пријанка Чопра и Ник Џонас, по четири месеци криење, првпат објавија фотографија со ќерката, на која ѝ го дадоа името Малти Мари Чопра Џонас.
Тие двајца позираат со ќеркичката во прегратка, а нејзиното лице го имаат прекриено со емотикон.
„На овој Ден на мајката, не можеме да не се осврнеме на претходните три месеци и ролеркостерот на кој се најдовме, а за кој знаеме дека многу луѓе го имаат искусено. По повеќе од 100 дена кои ги помина во болница, нашата ќеркичка е конечно со нас“ - напиша Пријанка во објавата.
За потсетување, довјката криеше дека очекува дете, а на 21 јануари и Ник и таа се огласија со истото соопштение за јавноста, со кое открија дека станале родители.
фото: Принтскрин / Инстаграм