Приказна за едно неверојатно девојче: Продава лимонада за да заработи за операција на мозокот

Приказна за едно неверојатно девојче: Продава лимонада за да заработи за операција на мозокот

Објавена во: Совети // Семејство

Седумгодишната Лиза го погоди светот со својата приказна...

Едно девојче се одлучи за огромен подвиг. Започнало да продава лимонада за да си ја плати опрецијата на мозокот.

Кога 7 - годишната Лиза Скот дознала дека е потребно да прави операција на мозокот, не сакала да седи со скрстени раце.

„Веднаш одлучи дека сака да продава лимонада во пекара, за да помогне во собирањето на пари за операциајта“ - истакна нејзината мајка Елизабет, која ја поседува пекарата. Мајка ѝ во истиот момент ѝ дозволила да постави штанд.

„Тоа е неверојатна количина на љубов и поддршка. Не постојат зборови со кои би го опишала ова“ - додава мајката.


Пред околу еден месец, родителите мислеле дека девојчето има кошмари во сонот, но нападите со губење на воздух продолжувале. Сфатиле дека станува збор за нешто посериозно.

Се испоставило дека девојчето има три промени на мозокот: шизенцефалија, артериовенски малформации и артериовенски фистула.

Мал број на доктори ги прават операциите кои ѝ се потребни на Лиза, па така патувањето во Бостон било неопходно. И по операцијата девојчето ќе треба да прима многу терапии.

„Долг пат е пред нас, но ќе мора да се бориме за да направиме сѐ за таа да биде добро“ - заврши нејзината мајка.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: