Приказната за 1.000 жерави е најтажната за упропастените соништа: Како едно девојче ја посрамоти Америка?

Приказната за 1.000 жерави е најтажната за упропастените соништа: Како едно девојче ја посрамоти Америка?

Објавена во: Совети // Семејство

Имала само една желба...

Името Садако Сасаки веројатно не ви значи ништо. Всушно била сосема обично девојче, по ништо не се разликувала од илјадниците други деца кои живееле во нејзиниот град. Имала брат и родители кои исто така не биле посебни по ништо и тешко дека историјата би ги запомнила нивните имиња... да не бил тој 6 август 1945 година од кој се поминати точно 75 години.

Семејството Сасаки живеело во Хирошима... Садако имала само две години кога нејзиниот град го погодил „Малото момче“, првата атомска бомба која некогаш била фрлена.

Нејзината куќа се наоѓала на околу два километри од местото на експлозијата. Ударот бил толку силен што Садако излетала низ прозорот. Сите мислеле дека загинала, но таа сепак останала жива и наизглед, неповредена.

Следните 10 години Садако живеела како и сите останати деца во тој крај на Јапонија. Крајот на војната донел пустош каков што никој не можел да замисли, но животот сепак одел понатаму.

А, потоа во ноември 1954 година Садако се разболела...

Била преладена и на вратот започнале да и се појавуваат отоци, кои се движеле кон нејзиното лице. Во јануари 1955 година, на нејзините носе се појавиле виолетови дамки.

Недолго потоа, на Садако и е дијагностицирана леукемија или „болест атомска бомба“, како што ја нарекувала нејзината мајка.

Лекарите биле немилосрдни - Садако Сасаки во најдобар случај ќе живее уште една година.

Во тој период, лекарите забележале голем пораст на заболени од леукемија, особено помеѓу децата. Веќе во почетокот на 50 - тите, било јасно дека леукемијата настанува како последица од радијација.

Садако била сместена во болница. Уплашена и болна, постојано ги слушала бајките и јапонските легенди. Омилена и била онаа по која, доколку се успее да направи 1.000 хартиени жерави ќе има право да посака една желба.

А, Садако сакала само да оздрави...

Поради недостаток на хартија, Садако морала да се снаоѓа. Користела хартија од пакувањата од лековите и се што можела да добие од возрасните. Покрај сите напори и фактот дека до октомври ногата и била потполно отечена, одела во собите на со други пациенти само за да ги праша да ги земе хартиете од подароците кои ги добивале.

Тој 25 октомври 1955 година Садако не можела да јаде. По упорните молби од родителите, побарала чај и ориз. Изела две лажици и кажала: „Добро е“. Потоа починала. Имала само 12 години.

До тогаш, Садако направи 644 жерави. Нејзините пријатели го дополниле бројот до 1.000 и таа е погребана заедно со нив. ТАка вели приказната раскажана во книгата „Садако и 1.000 хартиени жерави“.

Другата верзија, која е наведена во меморијалниот парк во Хирошима тврди дека девојчето до август 1955 година го надминала бројот од 1.000 и продолжила да прави хартиени жерави.

Садако Сасаки станала симбил на страдањата на невините жртви за време на Втората светска војна. Нејзината статуа и денес стои во Меморијалниот парк на мирот во Хирошима.

На денот на нејзината смрт деца од целиот свет испраќаат хартиени жерави кои заедно со пораките за мир, се закачуваат на споменикот посветен на малата Садако - девојчето кое само сакало да живее.

фото: profimedia / Wikipedia

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: