Приказната за тоа како „Baby Shark“ стана најпопуларна и најгледана песна на Интернет

Приказната за тоа како „Baby Shark“ стана најпопуларна и најгледана песна на Интернет

Објавена во: Stars // Музика

До моментот кога се разлетуваат конфетите, децата се веќе во екстаза, со очите фиксирани на суперѕвездите на сцена. Десетина костимирани изведувачи беа на врвот на „Baby Shark Live - 75 - минутна адаптација на двеминутното музичко видео. Овој перформанс беше совршен пример на почеток на виралната популарност во профитабилна франшиза.

Сијауна Јиргин, која е мајка раскажа колку нејзината ќерка Миреја ја сака оваа песна.

„Кога ѝ ја мијам косата, ми бара да ѝ ја пеам оваа песна“ - вели мајакта. „Првата роденденска забава беше „Baby Shark“. Втората роденденска забава исто така.“


Четири години откако јужнокорејската медиумска компанија ја објави песната под името SmartStudy, изгледа дека „Baby Shark“ го освои светот.

Со само 18 зборови кои се споменуваат во песната, оваа песна за семејството ајкули кои одат во лов по стримови на Фејсбук има неверојатна бројка на прегледи.

Сепак, SmartStudy напочетокот делуваше подготвено да го експлоатира својот хит и се уште се обидува да изгради работа околу него со цел малиот насмеан океански предатор да го трансформира во детски бренд.

Компанијата ја продаде лиценцата на компанијата Kellogg's (за ограничено издание „Berry-Fin-Tastic“ снегулки, на произведувачи на постелнини, играчки, облека и костими за Ноќта на вештерките).

Пристапот кој SmartStudy го практикува низ помошните работи можеби е еден начин за од овој хит да се заработат многу пари, со оглед на минималната заработка која ја исплаќа Јутјуб, а поради длабокото културолошко потекло на песната се смета дека материјалот е јавно добро, па така се поставува прашањето дали компанијата би можела да бара право на употреба.

Денес на Јутјуб, видеото за оваа детска песничка има повеќе од 7 милијарди прегледи и е најгледано Јутјуб видео на сите времиња.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: