Приказни за првиот пат: Сексот не е само „еден чин“

Приказни за првиот пат: Сексот не е само „еден чин“

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Ова се реални приказни...

Истражувањата покажа дека 90% од тинејџерите во средните училишта не го добиваат сексуално образование какво што им е потребно. Сексот не е само еден чин, но никој тоа не умее да го објасни.

И додека е дакт дека со тој чин не треба да брзаш, туку треба да го направиш тоа кога ќе се почувствуваш подготвено. Во продолжение прочитајте ги искуствата од прва рака на неколку тинејџерки од Србија, кои своите приказни ги раскажаа за teenstar.rs.

# Исидора, 18

Никогаш не брзав да ја изгубам невиноста како некои мои пријатели. Не го чекав наивно Принцот на бел коњ, кој одеднаш би ми направил пресврт во животот. Едноставно имав чувство дека ќе знам кога ќе дојде вистинското време. Еден период се гледав со едно убаво момче, но никогаш не дојдовме до тоа ниво. Раскинавме пред петгодини и потоа долго време бев сама. Своето следно момче го запознав пред четири години и бев потполно обземена. Тој беше неколку години постар од мене, неверојатно згоден и многу забавен. Откако поминаа неколку месеци, една вечер се случи тоа. На него не му беше првпат, но знаеше дека на мене ми е и навистина беше прекрасен и направи да се чувствувам посебно. Дефинитивно бев подготвена и иако не беше фантастично, уживав.

# Ружица, 17

Со момчето бев околу една година во врска пред да се одлучиме да имаме секс. Бев нервозна и за малку можеше да не се случи. Болеше и му кажав да престане. Се изнервира и ми кажа дека барам изговори. Отидов во тоалет и имаше крв, му покажав и ме разбра. Долго разговаравме и заклучивме дека не бевме подготвени. Следниот пат кога се обидовме, не болеше толку, бидејќи бев многу поопуштена.

# Катарина, 17

Моето момче направои сладок пикник во својот двор, под ѕвезди. Ми кажа дека ме сака и ме однесе во својата соба, каде насекаде имаше запалени свеќи и листови од ружи. Тогаш многу се уплашив. Замислував дека првиот пат ќе биде спонтано, а ова беше спротивно на тоа! Правевме се друго, но не отидовме до крај. Неколку недели подоцна имавме секс и јас уживав, бидејќи повеќе немаше притисок.

# Јована, 19

Голем број на мои пријатели веќе имаа секс, па тоа беше нешто за што често размислував. Кога запознав постаро момче покрај кое се чувствував опуштено и сигурно, одлучив да му се препуштам. На патот до неговиот стан, картата за воз ја платив многу скапо, но не се грижев, бев многу нервозна поради губењето на невиноста. Тој беше прилично „кул“, што се однесува до тоа и знаеше дека мене ми е првпат. Беше навистина нежен и разговаравме за целиот процес. Не уживав толку, но со текот на времето стануваше подобро.

# Христина, 18

Бидејќи сум опседната со тинејџерски филмови и сите ги имам изгледано, моите очекувања беа прилично високи благодарејќи на Холивуд! За жал, за мене, не беше како на филмовите. Беше просечно и се случи со момче кое повеќе ме привлече со својот надворешен изглед отколку личност. За да биде уште полошо, ми пренесе мононуклеоза и наредните шест месеци ги поминав во кревет - со тинејџерските филмови кои ме тешеа.

# Анџела, 18

Бев многу одлучна дека имам секс и јас бев таа која го наговори момчето. Една вечер бевме да слушаме еден бенд и потоа отидовме кај него дома, бидејќи неговите родители не беа тука. Се бакнувавме на неговиот кревет и јас бев сигурна: „Вечерва ќе се случи“. Ниту еден од нас немаше поима што да прави... Ја пуштивме Лорди и се смеевме. Всушност, дури сега кога ќе ја слушнам песната „Royals“, се сеќавам на таа ноќ. Беше смешно.

# Лидија, 17

Кога ја изгубив невиноста, тоа воопшто не беше магично, за сега да пишувам за тоа како да е бајка, но беше едноставно, слатко и едноставно вистинската работа во тој момент. Не бевме долго заедно, но никогаш не почувствував дека сум толку поврзана со некој и опуштена, па така сето тоа се случи природно. Звучи како клише, но Оги го запознав на плажа и кога одлучивме да имаме секс за првпат беше откако поминавме цел ден заедно на местото каде што се запознавме, присетувајќи се на средбата. Па така, би можела да кажам, дека се чувствувавме љубовно.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: