ПРИМЕР ЗА СИТЕ: Километри поминувала пешачејќи од дома до училиште, но станала ученик на генерација
На крајот на деветгодишното школување, оваа девојка е прогласена за ученик на генерацијата...
Од селото Љубљевица во Босна и Херцеговина, со километри пешачела до патот каде што чекала автобус, а откако се враќала од училиште им помагала на своите родители во земјоделската работа, а потоа учела до доцна во ноќта, пишува Avaz.
На крајот на деветгодишното школување, Елдина Ефендиќ е прогласена за ученик на генерацијата во ОУ „Прача“.
„Моето школување беше тешко, бидејќи станувавме во шест наутро или порано, за да стигнеме навреме. Два километри одевме пешки, за во автомобилот да се пресоблечеме и со него да продолжиме понатаму. Некогаш кога ќе паднеше многу снег, мојот татко автомобилот го оставаша подалеку и тогаш пешачевме и седум километри“ - вели Елдина.
Во истото училиште оди и нејзиниот помлад брат Џевад. Тие двајца се единствени во ова село, во кое семејството Ефендиќ само ја поминува зимата. Во зима ѝ е најтешко, додава Елдина, бидејќи со татко ѝ и брат ѝ мора да го гази длабокиот снег.
„Дома, немаме баш многу време за учење, бидејќи им помагаме на родителите околу собирањето сено, но и зеленчукот и овошјето. Се трудев и знаев до доцна во ноќта да останам будна за да го научам материјалот кој беше потребен за следниот ден. Сите се изненадени, бидејќи моите врсници живеат во близина на училиштето, а немаат толку добри оценки како јас и мојот брат“ - раскажува вредното девојче.
Целата приказна на Елдина може да ја погледнете во видеото во продолжение: