Принцот Џорџ мора да води двоен живот: Се појави детали кои кралското семејство ги крие од очите на јавноста

Принцот Џорџ мора да води двоен живот: Се појави детали кои кралското семејство ги крие од очите на јавноста

Објавена во: Совети // Семејство

Принцот Џорџ од мали нозе мора да се подготви за улогата на крал која го очекува еден ден...

Малиот принц Џорџ од првиот ден на раѓањето се наоѓа во центарот на британското вниамние, но и на светската јавност и тоа од моментот кога неговите родители, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се појавија со него пред лондонската болница во која е роден пред осум години.

Џорџ се наоѓа на третото место во редот за кралскиот трон и е иден монарх, но неговите родители сепак се трудат да му овозможат што е можно понормален живот за едно момче, барем внатре во нивните четири ѕида и во најприватните моменти скриени далеку од љубопитните очи.

Деталите од неговиот живот ги откри кралскиот биограф Роберт Лејсеј во книгата „Battle of Brothers“, кој тврди дека Џорџ дури неодамна, на седум години сфатил дека еден ден ќе стане крал на својата земја.

„Вилијам никогаш не ѝ откри на јавноста како и кога му објаснил на синот дека еден ден и тој ќе биде крал, но се зборува дека тоа било во летото 2020 година, некаде околу седмиот роденден на Џорџ. Тогаш родителите од малку поблиску му објасниле сè за неговата иднина и она што го носи“ - тврди Роберт.

Како и сите негови претходници, Џорџ веќе се подготвува за својата идна улога, но сега е откриено и како се занимава со работи кои се вообичаени за неговите врсници, па така сам си го мести својот кревет секое утро, а во училиште никој не му се обраќа со титулата принц, туку го викаат Џорџ Кембриџ.

Секое негово појавува во јавноста предизвикува големо внимание, а многумина остануваат разнежнети од неговата спонтаност и едноставност, исто како што тоа се случи неодамна на одржаниот фудбалски натпревар помеѓу Англија и Герминија на стадионот „Вембли“, каде се појави во придружба на родителите.

фото: JOHN SIBLEY / AFP / PROFIMEDIA

Лејсеј пишува и дека Џорџ според тврдењата на неговите блиски личности, станал самоуверено момче кое сите околу себе ги освојува со својата самоувереност и непосреден настап.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: