Принцот Хари: Меган ми помогна да го сфатам проблемот со несвесната расна пристрасност

Принцот Хари: Меган ми помогна да го сфатам проблемот со несвесната расна пристрасност

Објавена во: Живот // Живот

Британскиот принц Хари кажа дека му требало долго време да сфати дека постои несвесна расна пристраност и дека тоа го сфатил кога поминал повеќе време со својата сопруга Меган.

Принцот ова го кажа во разговорот на тема расизам со Патрик Хачинсон, активист (црнец), кој на фотографија за Ројтерс во јуни во Лондон е фотографиран како носи белец на сигурно по конфликтот помеѓу демострантите против расизмот и припадниците на десницата.

Хари на Хачинсон му кажал дека го смета за „ангел чувар“, бидејќи ги штител сите на тој конфликт. Двајцата се сложија дека бробата против дискриминацијата на сите нивоа е недовршен пат.

„Несвесните предрасуди, по мое сфаќање, растење и образование кое го добив, не знаев што се. Не знаев дека тоа постои.“ - рече Хари во текот на разговорот, кој е снимен минатата недела за магазинот GQ.

„Тажно е што ќе кажам, но ми требаше многу, многу години за да сфатам, особено кога живеев ден или недела во кожата на својата сопруга“ - додаде принцот.

Таткото на неговата сопруга е белец, а мајката црнкиња.

Хари и Меган неколку пати зборуваа за ова прашање откако се откажаа од кралските должности кон крајот на март и се преселија во Калифорнија.

Хачинсон на Хари му кажа дека присуствувал на протест, на кој била повредена една полицајка, па тој и пријателите одлучиле да дојдат на следниот собир за да го зачуваат мирот.

„Ги штитевме сите, па с епокажа дека тоа биле и оние од другата страна. Јас би го направил тоа за било кој и би го повторил истото“ - рече тој.

Хари го праша како се чувствува кога гледа дека има постојано противење на протестите против расизмот.

„Тоа фрустрира“ - кажа овој татко на четири деца.

„Само се прашуваш зошто на луѓето им е тешко да сфатат која е нашата цел - еднаквоста.“


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: